Admir Fazlagikj
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) -Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати новогодишна честитка до македонските граѓани, во која посакува "мир, напредок и успех насекаде и за секого" , јавува Anadolu Agency (AA).
"Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас. Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да пројде, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж. Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни. Затоа, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели. Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош" , се вели во честитката на претседателот Иванов.
Помеѓу останатото, во новогодишната честитка Иванов граѓаните ги повикува на сплотеност и едниство за Македонија со највисоките европски вредности.
"Да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува. Драги сограѓани, Имаме историска одговорност пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци. Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата."
Иванов во честитката по повод новогодинешните празници посака мир и напедок за македонските граѓани.
"Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина. Празниците што ни доаѓаат во секој наш дом нека донесат семејна радост, љубов и среќа. Да имаме мир, напредок и успех насекаде и за секого" .