Admir Fazlagic
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - "Ние секој пат сме биле жртва на пропустите и немоќта на европските институции" , изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во интервју за германскиот весник Билд, коешто е објавено денес на веб порталот на овој весник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто, Иванов зборува за предизвиците на бегалската криза, од која е погодена Македонија како земја која е дел од Балканската рута.
Иванов истакнува дека нема причина да и се замери на Македонија, бијдеќи оваа држава, како што вели тој, ги ангажирала сите можни капацитети за справување со бегалската криза на хуман начин, но сеуште не ја добила ветената помош од ЕУ.
"Ние секој пат сме биле жртва на пропустите и немоќта на европските институции. Сите напредуваат во ЕУ и НАТО Македонија стои во место, не прашал некој како сме преживеале 25 години? Тоа е морализирање и лицемерие да и се замери на Македонија. Сеуште немаме добиено едно евро од Европската унија. Потрошивме 25 милиони. Нас само ни се ветува помош", потенцираше Иванов во интервјуто, додавајќи дека претставата за источно европските земји е погрешна бидејќи тие примиле милион бегалци од Украина. Исто така, тој се осврнува и на тешката состојба со бегалците и фотографиите од камповите кои го окружеа светот велејќи дека сликите се совеста на Европа, не на Македонија.
"Прво е погрешна претставата за источно европските земји, тие примиле преку милион бегалци од Украина. Сликите се слика на совеста на Европа, не на Македонија. Вистинското лице на грчката страна од границата не на македонската страна", изјави претседателот Иванов.
Во интервјуто, помеѓу останатото, запрашан за можноста за користење на муниција против бегалците, претседателот Иванов вели дека на Македонија нема намера да биде sвер и да користи муниција против живи сушстества кои избегале од воени боишта.
"Не правите нас sверови дека ќе користиме муниција против живи суштества кои се напатени и кои избегале од боишта каде што нивниот живот бил доведен во прашање", истакнува македонскиот претседател Иванов, велејќи дека доколку Република Македонија чекаше Брисел да донесе одлука сега ќе беше преплавена од разни радикални групи кои се закана за безбедноста на државата и граѓаните.