Dzihat Aliju
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Македонија, во Скопје започна 3. Конгрес за меѓународни студенти организиран од страна на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата којашто беше отворена во хотел во главниот град присуствуваа министерот без ресор, Фуркан Чако, турските институции и организации во земјата, академици и голем број студенти.
Во говорот, министерот без ресор Чако изрази задоволство поради тоа што се обраќа пред ваков меѓународен аудиториум.

Нагласувајќи дека Меѓународниот балкански универзитет обезбедува важен придонес во образовниот систем на земјата, Чако рече дека се надева оти ќе продолжи со успесите во новиот оргинален кампус што ќе се отвори.
Тој истакна дека како министерство и влада, целосно го поддржуваат: „Ние сме генерација предводници на нашите држави и народи во период кога нашите држави, региони и нашиот свет треба да се адаптираат на новите реалности, можности и тешкотии“.
- На конгресот учествуваат 50 студенти од 25 различни земји од светот -
Од друга страна, во интервјуто за новинарите, ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. д-р. Исмаил Кочајусуфоглу го изрази задоволството поради тоа што со еден оригинален проект подготвен од страна на студентите, универзитетот е домаќин на проектот што обедини 50 студенти од 25 различни земји од светот.

Кочајусуфоглу истакна дека главната тема на конгресот што се организира по третпат е поставена од страна на студентите на универзитетот.
„Веќе трета година, истата програма ја имаме донесено во форма на една студентска средба, со зголемување на интензитетот и учеството. Темата оваа година ќе биде лидерството, тешкотиите и успесите на лидерството. Нашите студенти имаат докажано дека се лидери. Што се однесува на земјите-учеснички, гледаме дека секоја година имаме зголемување. Имаме студенти од Азербејџан, Тајван, Украина како и од балканскиот регион. Програмата е подготвена од страна на Економскиот факултет, Факултетот за општествени науки и Педагошката академија.
Третиот конгрес за меѓународни студенти на темата „Современо лидерство: тешкотии и можности“, се одржува во главниот град на Македонија, во Скопје на 29-30 септември.