Sarp Özer
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, армискиот генерал Хулуси Акар, денес во Анкара изјави дека неморалните предавници кои нанесоа голема штета на државата, народот и војската ќе бидат најстрого казнети, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тие неморални предавници кои облекоа униформи, на нашата држава, народот и вооружените сили нанесоа голема штета. Тие пред лицето на правдата ќе бидат најстрого казнети, ни малку не се сомневам во тоа” изјави Акар.