Ali Hakan Der
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Исмаил Кахраман денес во Анкара изјави дека времињата на државни удари во Турција поминале, јавува Anadolu Agency (AA).
„Поминаа времињата на државни удари во Турција. Исклучително убаво чувство е тоа што народот го одбранил својот систем и ја заштитил демократијата. Ние сме ценета земја на светот со 80 милиони жители, и со многу широк простор на културна поврзаност. Не е можно во таква земја да се управува преку пуч”,порача Кахраман.