Zülfiya Yakup
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - По втор пат денес е фрлен солзавец во пленарната сала во Собранието на Косово. Опозицијата на самиот почеток на продолжението на седницата, по дадената пауза после првото фрлање на солзавец, повторно активираше солзавец, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако поголемниот број на пратеници поради вториот солзавец ја напуштија салата, пратениците на владејачката коалиција, кои и претходно бараа збор во рамките на точката за пратенички прашања, продолжија со своето излагање.
Пред фрлањето на првиот солзавец, пратениците на опозицијата во првите неколку минути од седницата ја попречуваа со тропање со рацете на клупите. Тоа траеше во текот на положувањето заклетва на новиот пратеник на Алијансата за иднината на Косово, Али Бериша.
Бериша дојде на местото на Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата, кој поднесе оставка на местото пратеник, минатиот месец, поради тоа што „Собранието се претворило во институција за прикривање на владиното кршење на Уставот и институција каде што пратениците насилно се исфрлаат”.
Опозицијата веќе половина година ја блокира работата на Собранието барајќи повлекување на договорот за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово и за демаркација на границата со Црна Гора, како и оставка на Владата која е потписник на тие договори.
Уставниот суд кон крајот на минатата година донесе одлука дека Заедницата не е потполно во согласност со Уставот на Косово.