Bekim Laci
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Собранието Трајко Вељановски на вонредна седница ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски, која беше депонирана пред неколку дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Горан Сугаревски од СДСМ вели дека со поднесување на оставката, премиерот Груевски се одалечува од изборите поради тоа што не дозволува чистење на избрирачкиот список, како и спроведување на потребните реформи во медиумите.
Сугаревски обвнини дека Груевски без да направи чистење на избирачкиот список и реформи во информирњето сака да ги фалсификува изборите. Тој рече дека СДСМ нема да учествува на изборите на 24 април.
После ова, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, предложи распуштање на парламентот.
Одуката за одржување на изборите на 24 април од страна на парламентарното мнозинство потврдува дека таа е дел од политичкиот договор и се појавува во изборното законодавство донесено во Собранието пред неколку месеци.
Оставката на премиерот Груевски е сто дена пред предвремени избори и е дел од политичкиот договор во јуни/јули, договорен од четирите најголеми политички партии со посредство на меѓународната заедница.