Muhammed Enes Can
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Дежурниот кривичен судија одреди притвор за командантот на Копнената воена академија генералот Селим Мерт, командандот на Воздухопловната воена акдемија Реџеп Јуксел, начелникот на командата за воени академии во Турција Невзадт Ташделер, како и генералот Али Акјурек и уште девет офицери, јавува Anadolu Agency (AA).
Спомнатите високи чиновници на турските безбедносни сили уапсени се како осомничени во истрагата која Државното обвинителство во Истанбул ја води за минатонеделниот обид за воен удар кој во Турција го изведоа припадниците на вооружените сили лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, чии лидер е Фетулах Ѓулен.