Sarp Özer,Mohamad Misto
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ЏЕРАБЛУС (АА) - Ослободувачката војска на Сирија (ФСА), која презеде контрола над сирискиот град Џараблус, ги контролира стамбените објекти кои ги напуштија терористите на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на ФСА контролата над Џераблус ја презедоа во рамките на акцијата „Штит Еуфрат” која во среда утрото ја покренаа турската војска и коалициските сили.
По преземањето на контролата над градот, Ослободувачката војска на Сирија воспостави мерки на контрола а во тек е чистењето на теренот.
Војската ги контролира сите стамбени објеки кои ги користеле терористите на ДАЕШ поради можноста на поставување на експлозивни направи при напуштање на градот.