Bedrudin Brlyavac
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се осврна на изјавата на американскиот генерал кој претходно рекол дека некои од високо рангираните турски офицери со кои биле во контакт се притворени, јавува Anadolu Agency (AA).
„За жал, адмиралот или генералот, кој истовремено е на висока позиција во САД доаѓа и вели: ‘Гледам и слушам дека некои високорангирани лица со кои сме биле во контакт се во притвор’. Кој си ти да го кажеш тоа? Прво што треба да знаеш е каде ви е местото. Наместо да се заблагодариш што е запрен овој обид и да застанеш против овој обид извршен во мојата земја, ти земаш место заедно со пучистите. Пучистите и онака се веќе во вашата земја. И онака ги потпомагаш пучистите. Не можете никогаш да го убедите мојот народ во спротивното", рече Ердоган.
Претседателот Ердоган истакна дека предавниците ќе бидат спомнувани по предавството, а како што рече, мачениците по тоа што ја сочувале татковината.
„Го реков тоа на ифтар за рамазан. Реков 'Можно е меѓу нас да има предавници, нека не нѐ заплашат тие никогаш', и тие предавници дојдоа, ги бомбардираа специјалните сили и усмртија 50-тина наши браќа. Но тие ќе се спомнуваат по предавството, а нашите маченици никогаш нема да бидат заборавени за она што го сторија за нашата татковина“.
Ердоган по седницата, доцна синоќа, ги одобри одлуките на Советот, а досегашниот начелник на Генералштабот Хулуси Акар, кој беше заробен во текот на обидот за пуч на 15 јули, останува на таа должност. Командантите на копнените, воздушните сили и морнарицата исто така продолжија да ги извршуваат своите функции.