Ekipa
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот бизнисмен и претендент за републикански кандидат на ноемвриските претседателски избори, Доналд Трамп, стана дедо по осми пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговата ќерка Иванка Трамп и нејзинот сопруг Џеред Кушнер добија трето дете.
Иванка на својот Твитер профил напиша дека родила син по име Теодор Џејмс и дека целото семејство се чувствува "исклучително благословено”.
Доналд Трамп за време на досегашната предизборна кампања за претседател во неколку наврати спомнуваше дека ќерка му е бремена, но сè уште јавно не се огласи по радосниот чин.
Иванка е второ дете по ред од вкупно трите деца кои Доналд Трамп ги има од бракот со поранешната сопруга Ивана Трамп.