Rauf Maltaş
04 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Дедо Абди Чакиџи (75) од турскиот град Шанлиурфа, вели дека е исклучително возбуден поради тоа што го издал својот прв музички албум, јавува Anadolu Agency (AA).
Од овој град потекнуваат многу познати турски музичари. Многу граѓани од сите возрасти се големи љубители на музиката, а еден од нив е Чакиџи. За интерпретацијата, музиката и текстовите на песните од првиот албум е заслужен Чакиџи кој долги години се занимава со поезија и музика.
„Не ми е тешко да компонирам. Инспирацијата ми доаѓа сама. Лесно ми е да компонирам и да читам поезија. Мојата цел е да оставам убава трага”, изјави Чакиџи.
Тој се обиде првиот албум да го издаде во 2008 година, но го остави недовршен.
„Срцето ми е младо. Има само 25 години. Тоа нема врска со силата во рацете и нозете. Ако биде судено, ќе издадам и втор. Моите композиции се подготвени”, оптимист е дедото.
Како што изјави за новинарот на АА, како дете не одел на училиште но подоцна со посетување на различни курсеви научил да чита и пишува.