Admir Fazlagic
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со соло настапот на интернационално славната чешка виолинистка и пејачка Ива Битова, во Кино Фросина, а потоа и со настапот на францускиот бенд "St Germanin" во Метрополис арената во Скопје, започна јубилејното 15-то издание на светскиот музички фестивал „Оф-фест“, јавува Anadolu Agency (AA).
Интересот за настапите на овогодинешните музичаки на Оф-фест, како и за самиот фестивал е голем, што покажува и големото присуство на публиката.
Јубилејното 15-то издание на „Оф-фест“ нуди четири фестивалски денови, при што, сабота е резервирана за Сол Вилијамс од Лос Анџелес, кој како што најавија организаторите се смета за моќен глас на хип-хоп генералцијата како поет, актер, рапер, пејач, писател и музичар.
Тој ќе настапи во МКЦ Дансинг салата, со почеток од 20:30 часот. Батида е сценското име за Педро Кокенао, радио, видео и музички продуцент, кој е роден во Ангола а изразнат во предградијата на Лисабон. Специфично за него е што тој , комбинира песни од 1970-те години со модерни електронски денс влијанија.
Својот настап во Скопје, Батида ќе го има во МКЦ Дансинг салата со почеток од 22:30 часот. Наредниот ден е предвиден за Пет Томас, најпознатиот претставник на т.н кајлајф музика, во 60-70 години носечки музички стил во Африка, додека последниот ден од овогодинешниот Оф-фест е резервиран за бразиллска пејачка и гитаристка Бади Асад (МКЦ Дансинг сала,20:30) и за "Canzoniere Salentino", музичка група од италијанскиот јужен регион кои ќе се претстават по настапот на Бади Асад.
Организаторите најавија дека ја сочувуваат традицијата на прикажување на документарни филмови кои имаат допирни точки со фестивалот. Предвидено е пред концертот на Пет Томас, екслузивно да биде прикажан документарниот филм 'Who is highlife' за музикчка сцена во Гана.
„Оф-фест“ е дел од Европскиот Форум на светските музички фестивали. Инаку, фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.