Selçuk Acar
20 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ЊУЈРОК (AA) - Младиот Ахмет Шејбе на уд, ориентален жичен инструмент, свири популарни песни и филмска музика од Западот, со што привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Шејбе, кој во последните неколку изминати години живее во Њујрок, своите необични интерпретации ги објавува на социјалните мрежи каде го следат бројни луѓе од сите делови од светот.
Ова младо момче инаку е родено во Јемен, една од седумте земји на чии државјани американскиот претседател Доналд Трамп им забрани влез во САД.
Во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека самостојно научил да свири на овој инструмент, бидејќи во градот кој живеел немало музичко школо, додавајќи дека првиот концерт на овој инструмент го одржал 2007. година.
Шејбе, кој од 2012 година живее во САД, истакан дека оваа година одржал концерт и во зградата на операта во Египет.
Истакна дека по преселувањето во САД почнал да ги објавува своите интерпретации на западните песни, со што го привлекол вниманието во многу држави, од Германија до Бразил.
Меѓу песните кои ги интерпретираше се наоѓаат и песните „Хело" од Адел, „Смут криминал" од Мајкл Џексон, како и музиката од познатите филсмки остварувања „Хобит" и „Игра на Троновите".
Истакна дека по се поголемата омраза кон муслиманите, поради реториката на Трамп, на овој начин презел важна мисија во борбата против исламофобијата.
Нагласи дека неговата цел е да ги спојува и обединува луѓето, без оглед на верата, расата и нацијата.
„Градам мостови помеѓу културите. Мислам дека правам микс помеѓу Западот и Истокот", рече Шејбе.
На крајот истакна дека кон крајот на годината ќе издаде музички албум на кој ќе соработува со музичарите од многу земји, вклучувајќи ја и Индија, Германија и Турција.