İnci Gündağ
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон е отворена изложба на облеката што поранешната сопруга на принцот Чарлс, принцезата Дијана ја носеше од влегувањето во кралската палата, сѐ до нејзината смрт во 1997 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Под името „Дијана, нејзината модна приказна“, изложбата беше отворена во палатата Кенсингтон, каде што принцезата престојуваше повеќе од 15 години.
Посетителите имаат можност да ја видат гардеробата на принцезата Дијана што таа ја носеше од своето прво појавување во јавноста и по која беше впечатлива.
Ова е прва изложба од облеката што ја носеше принцезата Дијана, а посетителите две децении по нејзината смрт имаат можност да ги видат нејзините фустани и костумите што ги носела секој ден и со кои се појавувала на свечени церемонии.
Меѓу изложените експонати е комбинацијата што таа ја носеше за време на танцот со актерот Џон Траволта во Белата куќа.
Изложбата ќе биде отворена до март 2018 година.
Принцезата Дијана во 1996 година се разведе од принцот Чарлс, а една година подоцна, таа загина во сообраќајна несреќа во Франција.