Stipe Mayiç
08 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Зад уметничкото име „MagisterLudiManBand" и неговиот мултиинструмент кантабас се наоѓа професорот по социологија Давор Периќ кој завидната занаетска вештина со која го изгради овој овој чуден инструмент, го наследил од својот татко, ќуќен мајстор со кој работел уште од детство, јавува Anadolu Agency (AA).
Инспирација за своето необично име Давор Персиќ го добил од книгата на Херман Хесе „Игра на стаклените перли", во која главниот лик е Магистер Луди, а остатокот на кованицата доаѓа од поимот „One Man Band".
Давор Персиќ или „MagisterLudiManBand" веќе 25 години свири обичен бас, како дома така и со бендови, а својата музичка вештина едноставно ја пренесе со свирење контрабас без прагови или кантабас како што тој сака да го нарече, инструмент кој самиот го изградил.
„Уште додека студирав ја открив љубовта кон циркуските вештини. Ја паднав годината, но го завршив факултетот и истовремено настапите тргнаа. Подоцна не се вработив по струката како социолог, бидејќи ова на некој начин ми беше доволно", рече Персиќ.
- Самоук музичар
„MagisterLudiManBand" е самоук музичар, а свирењето на неговиот уникатен инструмент наречен кантабас тешко може да се научи по некоја шема.
„Со години се занимав со рециклирање и со производство на секакви видови, необични инструменти од рециклирани елементи", рече Периќ кој живее во куќа во предградието на Загреб во која има своја работилница.
Со основата на контрабас единица која ја свири со прстите, кантабас има три педали со кои се движат басовите, снареви и чинели. За поместување на удирачите искористил сајли и рачки од велосипед како и четири тонски подесени велосипедски ѕвона. На инструментот се наоѓа мелодика кој се активира со ослободување на вентил на врвот каде има голем надувен балон.
- Обучува деца и изработува инструменти
Целиот кантабас може да се расклопи и повторно да се состави, за што Давор кога настапува на улиците му се потребни речиси 40 минути и тоа е исто дел од неговиот уличен перформанс.
„MagisterLudiManBand" настапува на средновековни и улични фестивали, работи како кловн, а дома се занимава со производство на специјални тапани од плински боци.
Сето ова, како што рече, му овозможува нормална заработка, а има и своја здружение кое ги обучува децата во изработка на необични инструменти.