Mehmet Emin Gürbüz,Zafer Göder
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
БОЛУ - (АА) Зија Килинч (68), пензионер кој живе во округот Менген на градот Болу, во слободното време прави макети од делови на дрвјата кои ги собира од шумата, јавува Anadolu Agency (AA).
Килинч кој работел како готвач во Истанбул пред 10 години се пензионирал и се населил во селото Арак на округот Менген во Болу. Во летните месеци тој работи во поле и во градина, а во зимскот период поради намалените работни активности времето потешко му поминува. Поради тоа, тој избрал да прави уметнички дела. За оваа цел тој речиси половина од својата куќа ја претворил во работница и од дрвјата што ги собира од шумата почнал да прави уметнички дела.
Килинч сега во сопствената работница прави макети „ Султан Ахмет" џамијата во Истанбул, „ Мостот на загинатите од 15-ти јули" , воденици и „Јапонските куќи".
Истакнувајќи дека уште од неговото детство имал љубов кон сликарството и правењето скулптури, Килинч рече: „Интересна ми беше формата на дрвјата додека ги носев дома. Без да им ја променам формата почнав да правам нешто со дрвјата коишто веќе имаа форма.“
Тој раскажува дека на почетокот градел фигури од животни, а потоа почнал да прави макети на џамии и мостови.
Тој истакна дека место да го минува времето во кафулињата тој почнал да гради макети.
„Повеќе ме велчеше да се занимавам со дрвја, отколку со озборувања. Одев во шума за да се снабдам со дрвјаа, но ја немам силата како порано. Исто така на планина одам и за да ловам. Додека одев да ловам, различни дрвја со форми почнав да ги гледам како мои придружници. Така, мојата куќа ја претворив во интересно место за децата на селото. Во летниот период тие доаѓат тука за да играт. Јас сум многу задовлон поради ова“, рече креативниот Килинч.
Килинч рече дек делата ги прави без да има некој план или проект и доаде дека секое парче дрво го собира поединечно од шумата и дека понекогаш се случува да патува со километри само за едно парче. Тој исто така истакна дека поради тоа што нема развиени алатки секое парче на макетот го прави со рака употребувајќи го ножот и другите алатки.
Поради тоа што ловот за него претставува хоби тој раскажуваше дека се обидува да направи и оружје од дрво и дека понекогаш е приморан да патува 10-15 километри за да го најде потребното дрво.