Zafer Göder
20 Февруари 2025•Ажурирај: 21 Февруари 2025
БОЛУ (АА) - Националниот парк Абант Ѓолу во Болу, познат по својата природна убавина, прекриен е со бела прекривка по врнежите од снег, јавува Анадолу.
По последните врнежи од снег во околината на езерото и планините околу Националниот парк, висината на снегот достигна 30 сантиметри.
Оние кои дојдоа во Абант, по прошетката се фотографираа уживајќи во прекрасната глетка.
Екипите за автопатишта и на обласната специјална управа спроведоа чистење на снегот на коловозите и паркинзите во Националниот парк.
На снимката направена од воздух со дрон се гледа замрзнатата површина на езерото во Националниот парк и снежниот пејзаж што го опкружува.