Murat Ünlü,Mustafa Yalçın
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Франција има големи протести по повод новиот нацрт-закон за работа. Француската полиција која ме можесе да излезе на крај со демонстрантите, почна да користи беспилотни летала - дронови, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите против новиот нацрт закон за работа во Франција започнаа вчера.
Демонстарциите на вработените поради намалувањето на правата со новиот нацрт-закон, започнаа вчера на приближно 200 места низ цела Франција, при што имаше и судири меѓу протестантите и полицијата.
Миистерствотот за внатрешни работи на Франција соопшти дека на ниво на целата земја еден член на безбедносните сили е потешко повреден, 24 полесно и приведени биле 124 демонстранти.
Од друга страна француската полиција за да може поефикасно да им се спротивстави на демонстрантите, почна да ја тестира употребата на дронови.
Најголемиот Синдикат на работниците во Франција, го поддржаа протестот со 50.000 демонстранти во Париз, додека полицијата на улиците од Париз била застапена со 15.000 до 16.000 полицајци.
Организаторите изјавија дека, во демонстрациите надвор од Париз имало околу 50.000 лица.
Демонстрантите претходниот ден окупирале шест згради на една од најважните училишта за драма во светот, поранешен национален театар во Париз, Comedie-Française. Поголем број на средношколци и работници со стоење демонстрираа цела ноќ против новиот нацрт-закон за работа на познатиот париски плоштад Republique во „Ноќта на стоење“.
На овој протест кој трае од 31 март 2016 година, повремено се случуваат судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Франција со цел да ја намали невработеноста и обезбедување на флексибилноста на пазарот на труд, го подготви нацрт-зконот за работа, кој синдикатите го коментираа како „добиените права не може да се одземат“. Според новиот закон, максималните дневни 10 работни часа, можат да се зголемат на 12 часа, вработените кои би сакале промени во договорите за работа ќе можат да добијат отказ, намалување на лимитот на вработените со половина работно време од 24 часа неделно и прекувремената работа ќе се пресметува 5 пати помалку.
Со овој нацрт-закон работодавачите можат да го зголемат работното време на работниците, намалување на нивните плати. Лицата кои се под 18 години, и работат со цел на школување и обука можат да работат најмногу 10 часа. Против нацрт-законот демонстрантите последните два месеци четири пати протестираа на улица и изјавија дека ќе демонстрираат и за 1-ви мај.