Murat Ünlü
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
ПАРИЗ (АА) – Делото на Антоан Сент Егзипери, „Малиот принц“, кое е меѓу светските детски литературни класици, достигна издавање на 300 јазици, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата од фондацијата Сент-Егзипери, делото за последен пат досега е издадено на арапскиот дијалект Хасани од регионот на Мароканската Сахара, од кадешто писателот ја добил и инспирацијата за да го напише.
„Малиот принц“ на Сент-Егзипери, со превод на 300 јазици, стана приказна, којашто е издавана на најмногу јазици.
Егзипери, работел во една трговска фирма како пилот во Мароканска Сахара, кадешто добил инспирација да го напише ова дело, а издавањето на арапскиот дијалект Хасани од тој регион, добива симболично значење.
Првото издание на „Малиот принц“ е издадено во 1943 година, а досега има продадено повеќе од 200 милиони примероци.
За време на Втората светска војна, кога Франција беше под окупација, Егзипери влезе во војна во американската армија како пилот, а за време на еден лет на 31. јули во 1944 година, кога имаше 44 години, падна во средоземното море во регионот на Марсеј, кадешто го загуби својот живот. Авионот на Егзипери беше пронајден во 2000 година од страна на рибари.