Ahmet Kaplan
17 Јуни 2016•Ажурирај: 18 Јуни 2016
ДИЈАБАКИР (АА) - Татко на 56 деца и дедо на 200 внуци, 67-годишниот Мехмет Арслан од турската област Дијабакир, денес со 60 внуци ја сподели радоста поради завршување на школската година и доделување на свидетелствата, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамо Ага, како го нарекуваат во местото, децата ги добил со пет жени и живее во местото Бисмил. Во основното училиште во тој град голем број на деца го носат презимето Арслан.
Внучињата мораа да застанат во ред за да ја бакнат раката на својот дедо, а тој им даде чоколадо и други подароци.
Дедото се заблагодари на наставниците и учителите кои придонесоа за образованието на неговите внуци.
Како тој вели, неговите 36 деца се во брак, а одсекогаш верувал во силата на науката и образованието.
Неговите внуци одат во основно училиште, а некои од нив одат во средно.
„Денес моите внуци добиваат свидетелства.Многу сум среќен и задоволен. Директор сум на здружението на земјоделци во Бисмил, денес не отидов на работа. Наставниците на внуците им ги поделија книшките. Тоа ме направи многу среќен”, изјави Арслан, кој додаде дека претходно во селото немало средно училиште.
Сега ситуацијата е многу поразлична, истакна тој.
„Сакам моите деца да бидат судии, обвинители, премиери, претседатели. Ние го подржуваме образованието и него го стекнат нашите деца”, нагласи Арслан.