Zeynep Rakipoğlu
03 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - ЗЕЈНЕП РАКИПОГЛУ - Заферулах Јилдирим (24) од Истанбул е момче кое е заљубено во патувања. Тој за четири години посетил 45 земји и 300 градови. Покрај сè, сите земји ги посетил со автостоп.
Сепак, тоа не е сè што оваа млада личност ја прави интересна. Дедото на Заферулах, Дурсун Али Јилдирим, во 1980-те години отпатувал за Штутгард поради работа. Неговиот внук денеска, 30 години подоцна и 20 години по смртта на неговиот дедо, пронашол фотографии на неговиот дедо од патување низ Германија и одлучил да ги посети сите места и да се обиде да направи идентични фотографии како неговиот дедо.
Во разговор за Anadolu Аgency (AA) Јилдирим зборуваше за својата многу интересна идеја.
Истакнува дека со автостоп почнал да патува во 2015 година и тогаш прв пат ја посетил Палестина. Додава дека патувањето во Германија оваа година за него било посебно бидејќи одлучил да ги посети местата на кои со децении претходно престојувал неговиот дедо.
„Ги пронајдов фотографиите на дедо ми, а потоа се фрлив на работа да откријам каде се наоѓаат местата што тој ги посетил“, рече Јилдирим, додавајќи дека со автостоп патувал за Русија, Индија, Казахстан, Шри Ланка и бројни земји на Европа.
Потоа заедно со неговиот пријател се упатил кон Германија, до која со автостоп од Истанбул поминале дури осум земји, вклучувајќи ги и земјите на Балканот.
Успеал да ги пронајде сите места што ги посетил и неговиот дедо, а истакна дека тоа за него биле многу емотивни моменти.
„Мојот дедо пред 33 години работел во фабрика за автомобили во Штутгард. Сите фотографии што ги пронајдов забележани се 10 години пред неговата смрт, значи станува збор за фотографии стари три децении. Не беше голем проблем да се пронајдат сите тие места, со оглед на тоа дека тие постојат и денеска“, рече Јилдирим.
„Беше многу емотивно за време на доаѓањето и фотографирањето на сите тие места за кои знам дека некогаш одамна ги посетил и мојот дедо“, истакна Јилдирим и додаде: „Луѓето многу повеќе треба да веруваат во себе. Мора да ги совладуваат сите стравови што ги имаат. Мислам дека мораме да излеземе на ваков пат и да трчаме за нашите соништа.“