Hasan Yılmaz
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
КАСТАМОНУ (АА) - Младиот брачен пар Дамен од Белгија со автостоп ја пропатува Европа. Тие во моментов се наоѓаат во Турција, а крајната дестинација им е Грузија.
Винсент Дамен (24) и неговата сопруга, Џулијан Ван Де Путе Дамен, пред два месеци тргнаа на патување со автостоп од Белгија кон Грузија. Екипата на АА се сретна со нив во Ханон, недалеку од турскиот град Кастамону.
Винсент Дамен заедно со сопругот работи во фармацевтскиот сектор, а во разговор со новинарот на АА рече дека се решиле со автостоп да патуваат кон грузискиот град Батум.
„Поминавме низ Германија, Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија и пристигнавме во Турција. Сакаме да запознаеме што повеќе луѓе и земји, тоа е нашата цел”, рече Винсент.

Тој истакна дека со патување со автобус не може доволно да се запознае ниту еден град, а тие го избрале овој начин на патување, што е меѓу другото и поекономичен.
Неговата сопруга Џулијан објасни дека отсекогаш сонувала да прави необични нешта.
„И ова патување мораше да биде необично. Кога се венчавме решивме со автостоп да патуваме низ европските земји и Турција, и тоа и го сторивме”, додаде Џулијан и изрази задоволство поради можноста да запознае различни луѓе и култури.
„Во текот на патувањето понекогаш имаше и тешки моменти. Сепак, луѓето во Турција се навистина пријатни и гостопримливи, а патувањето со автостоп е забавно и убаво”, додаде Џулијан.