Ekipa
07 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
РИМ (АА) - Италијанската морнарица соопшти дека извлекла 217 тела од трупот на брод кој минатата година потонал во близина на либиското крајбрежје. Тоа беше трагедија која ја „натера" Европската унија да ги засили операциите за спасување на мигрантите во Медитеранот, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанските власти минатата недела го извлекоа бродот од морското дно и од тогаш работат на пронаоѓање и идентификација на телата. Во соопштението на италијанската морнарица се наведува дека е извршена обдукција на 52 од извлечени 217 тела.
Дел од преживеаните од потонувањето на бродот кое се случи на 18 април 2015 година изјавиле дека на бродот се наоѓале меѓу 700 - 800 луѓе, поради што потонувањето беше окарактеризирано како едно од најголеми познати трагедии за време на мигрантската криза во Медитеранот.
Пронајдени се повеќе од 200 тела, а официјалните лица, откако ја виделе големината на бродот, сметаат дека е потребно да се пронајдат уште најмалку 300 исчезнати мигранти.