Gamze Türkoğlu Oğuz
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Полицаец во Минесота, Соединетите Американски Држави (САД), застрела црномурест маж, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавиш Рејнолдс го снимила моментот кога полицаецот го застрелал нејзиното момче Филанд Кастил. Снимката од настанот ја објавила и на социјалните мрежи.
Официјални лица велат дека е покрената истрага во врска со овој инцидент и дека полицаецот кој пукал е на принуден одмор. Полицијата од Сент Антони наведува дека настанот се случил во Фалкон Хајтс.
Всушност, полицијата го запрела автомобилот поради скршен трепкач. Во текот на немилиот настан во автомобилот се наоѓала и ќерката на Рејнолдс.
Кастил работел во училиште, а по пукањето починал на пат кон болницата.
Да потсетиме дека полицијата во вторникот во американската сојузна држава Луизијана го застрела Алтон Стерлинг (37).