Utku Uçrak
24 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
МУГЛА (АА) - Швајцарецот Давид Брандербергер (46) во јули минатата година на трицикл на соларен погон тргнал на пат околу светот, а денес се наоѓа во турската туристичка дестинација Фетије, на медитеранскиот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Страствениот авантурист Брандербергер, на својот соларен трицикл во јули минатата година тргна од Швајцарија, а во изминативе месеци пропатувал низ Чешка, Холандија, Германија, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција.
Неговиот трицикл се движи на електричен погон а со електрична енергија се напојува од соларниот панел поставен на задниот дел на трициклот. Вниманието на учесниците во сообраќајот низ патиштата по кој патува им го привлекува не само со својот изглед туку и со натписот „Долго возило” закажен на трициклот.
Во разговор со новинарот на АА, Бранденбергер кажа дека планира да го продолжи патот кон Анталија, а задоволен е од колекцијата фотографии на пејсажи кои ги направил во текот на скоро осуммесечното возење.
„Патувам со трицикл затоа што на мотоцикл не можам да носам доволно товар. За да не барам полнач за струја, поставив соларни панели. Економски ми е поприфатливо, а воедно промовирам зачувување на околината”, рече Брандербергер.
Тврди дека оваа идеја за пат околу светот ја добил од неговите пријатели од Чешка, кои пред три години на слично возило од Франција патувале до Казахстан. Додава дека тие му помогнале во изработката на возилото.
На прашањето која е неговата конечна дестинација на ова патување, Брандербергер рече дека ја нема туку дека ќе патува низ светот сè додека го служи трициклот.