Vesna Besiç
03 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Убавините на есента се видливи на секој чекор во голем број европски градови. Есента и преубавата златножолта боја, која доаѓа со ова годишно време, ја прекрија и белгиската престолнина Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број граѓани овој ден се одлучија за прошетка во парковите на Брисел и околните одморалишта.
Фоторепортерот на Anadolu Agency низ својот објектив ги обедини сите убавини на есента, како и бројните минувачи кои уживаа во убавината на ова годишно време во белгиската престолнина.