Zülfiya Yakup
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ПРИШТИНА (АА) - Владата на Косово, со специјалниот преставник на ЕУ за Косово, Самуел Жбогаре, и претставникот на амбасадата на САД на Косово, постигна договор за продолжување на мандатот на мисијата ЕУЛЕКС на уште две години и денес се очекува размена на писмата со високата преставничка на ЕУ, Федерика Могерини, јавува Anadolu Agency (AA).
Тоа го потврди премиерот на Косово, Иса Мустафа, на седницата на владата одржана денес во Приштина. Тој најави дека штом се добие потврда од Брисел, владата попладне повторно ќе претседава со цел да го усвои законот врз основа на размена на писма помеѓу претседателот на Косово, Хашим Тачи, и претставничката Могерини. Законот би бил проследен на разгледување и усвојување утре во Собранието.
Заменик премиерот и министер за правда, Хајредин Кучи, изјави дека во преговорите за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС е преговарано и за два критериуми на максимално искористување на можностите за спроведување на суверенитетот на институциите од областа на судството и обвинителството, како и користење на овластувањето на ЕУЛЕКС за нивна експертиза во наредните две години. Кучи изјави дека дошло до промена на една точка во законот, но не наведе која.