Ivana Ramadanova
04 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со 36 гласа ЗА и 54 гласа ПРОТИВ, од вкупно 90 пратеници, денеска во Собранието не помина предлогот за измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство, со кој ќе се продолжеше рокот за постоење на ова Обвинителство, јавува Anadolu Agency (AA).
Предложувач за измените на Законот беше пратеничката група на СДСМ, кои ја поддржаа иницијативата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за промени во законите со кои ќе се продолжи мандатот на СЈО и ќе му се даде автономија на јавниот обвинител од ова обвинителство во постапувањето со заштитените сведоци.
За ваквата иницијатива, пратениците на ВМРО ДПМНЕ едногласно кажаа не, додека дел од пратениците на ДУИ не се појавија на седницата, а оние што беа на седницата гласаа за продолжување на мандатот на тимот на Катица Јанева.
Барањето за измени во Законот за заштита на сведоци доби само 42 гласа поддршка, додека 52 пратеника од вкупно 94 беа против. Обвинителката Катица Јанева неколкупати досега побара од пратениците да изгласаат промени на Законот за заштита на сведоци. Иницијативата за измени на законите таа ги достави во Собранието уште во април.