21 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
ЛИВЕРПУЛ (АА) - Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти (60) официјално стана новиот менаџер на Евертон со кој потпиша четири и пол годишен договор, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницата, според потпишаниот договор, ќе го води англискиот клуб до крајот на сезоната 2023/24.
„Ова е голем клуб со богата историја и многу страствени навивачи. Јасна е визијата на сопственикот и управата да се реализира успех и да се освојат трофеи“, изјави Анчелоти за официјалната веб-страница на клубот.
Анчелоти ќе го наследи Марко Силва, кој на 6 декември доби отказ по 18 месеци поминати на клупата.
Италијанецот на 10 декември беше отпуштен од Наполи по натпреварот од Лигата на шампиони во која избори пласман во осминафиналето на тоа натпреварување.
Англиската Премиер лига не му е непознат терен бидејќи од 2009 до 2011 година го водеше Челси, со кој го освои домашното првенство, ФА Купот и англискиот суперкуп „Комјунити шилд“.
Тој исто така е и трикратен освојувач на Лигата на шампиони, а ги освојуваше и домашните првенства во Франција, Италија и Германија.