22 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
МАДРИД (АА) - Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека неговиот колега од Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е најдобриот тренер во светот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Зидан и Гвардиола во февруари и март следната година ќе ги одмерат силите во осминафиналето во Лигата на шампионите, а тренерот на „кралскиот клуб“ не ги штедеше пофалните зборови за поранешниот играч на Барселона.
„Играв против него многупати. Го почитувам како играч и како тренер затоа што мислам дека е најдобриот тренер на светот. Тоа го докажа во текот на својата кариера и едвај чекам да играме против неговиот тим“, изјави Зидан, пренесува „Марка“.
Реал на 26 февруари идната година ќе биде домаќин на Манчестер сити во првото коло од осминафиналето, додека реваншот ќе се игра во Манчестер на 17 март.