Dejan Maksimoviç
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
МАДРИД (AA) - Според пишувањата на шпанските и англиските медиуми, францускиот тренер Зинедин Зидан доби неверојатна понуда од Фудбалскиот сојуз на Катар. Наводно, домаќинот на Светското пренство 2022 година, му понуди на Французинот четиригодишен договор со заработка од 50 милиони евра годишно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зидан во четвртокот ги шокираше сите во Реал Мадрид, но и Европа, кога соопшти дека одлучи да ја напушти клупата на кралскиот клуб, само неколку дена откако по трет пат по ред ја освои Лигата на шампионите.
Многумина се прашуваа кои се причините за таквата одлука на Зидан, но и каде ќе ја продолжи успешната тренерска кариера. Можеби медиумите веќе дадоа одговор, бидејќи му е понудена плата од речиси 140.000 евра дневно и тоа четири наредни години е премногу добра за да некој би ја одбил.
Во медиумските извештаи се наведува дека информацијата за понудата на катарскиот сојуз на Твитер ја откри египетскиот бизнисмен Нагиб Савирис.
Катар за четири години на домашниот терен за прв пат во историјата ќе настапи на Светско првенство во фудбал. Репрезентацијата на младата заливска земја моментално е на 101 место на ФИФА ранг листата.
Зидан на клупата на Реал Мадрид седна во јануари 2016 година, откако Рафа Бенитез доби отказ. Од тогаш освои три титули на шампион на Европа, по два пати славеше на ФИФА светското клубско првенство и во Суперкупот на Европа. На тоа додаде една титула на национален шампион и пехар на Суперкупот на Шпанија.