Ekipa
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ДОХА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Катар потпишаа договор што треба да ја подобри борбата против тероризмот во оваа заливска земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Меморандумот за разбирање е потпишан за време на посетата на Доха од страна на Рекс Тилерсон, американскиот државен секретар.
Тилерсон е во посета на Персискиот Залив, во мисија чијашто цел е да се стави крај на недоразбирањето меѓу Катар и четирите арапски држави кои ја обвинуваат Доха за поддршка на екстремистичките групи. Катар ги отфрла таквите обвинувања.
Р.К. Хемонд, советник на Тилерсон, изјави дека договорот укажува на идните напори што Катар може да ги преземе за да ја зацврсти борбата против тероризмот.