Ahmed al-Masri,Hacer Başer
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ДОХА (АА) - Властите на Катар изразија задоволство поради последните изјави на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, која изјави дека САД се изненадени од фактот што заливските земји сѐ уште подетално не ја објасниле својата загриженост и потезите во врска со Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на одделот за односи со медиумите при Министерството за надворешни работи на Катар, Саид eр-Румејхи, соопшти дека е добро тоа што САД го воочиле фактот дека Саудиска Арабија и некои други заливски земји не ѝ ги објасниле на јавноста причините за блокирањето на Катар, иако од тој потег поминаа две недели.
Румејхи истакна дека Катар ја поддржува иницијативата за кризата во Заливот да се реши со мирен и цивилизиран дијалог, и соопшти дека официјална Доха ја поддржува и иницијативата на Кувајт, кризата да се реши на регионално ниво.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Бахерин и Јемен, на 5. јуни соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, земја којашто ја обвинуваат за дестабилизација на регионот, го затворија воздушниот простор за Катар и издадо наредба дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан исто така, се придружија на овие мерки на Саудиска Арабија и на другите земји, и најавија деградација на дипломатските односи со Катар.
Катар тврди дека обвиненијата се неосновани и се залага за мирно решавање на кризата.
Синоќа, портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Нојерт, изјави дека се поставува прашањето дали зад блокадата на Катар навистина стои поддршката на тероризмот или пак станува збор за проблемите што постојат веќе подолго време во односите на заливските земји со Катар.
Минатата недела и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Катар на највисоко ниво ја поддржува борбата против тероризмот, а американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика заливските земји да ги ублажат санкциите кон Катар.