Ramazan Turgut
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
РИЈАД (АА) - Синот на саудискиот крал Мухамед бин Салман е именуван за прв престолонаследник и премиер на Саудиска Арабија, а од тие функции сменет е досегашниот прв принц Мухамед бин Најеф, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција SPA (СПА) јавува дека со одлуката на саудискиот кралски двор, од функцијата на прв принц, премиер и министер за внатрешни работи е разрешен Мухамед бин Најеф, а на таа функција е именуван Мухамед бин Салман, кој паралелно ќе ја извршува и досегашната функција министер за одбрана.
Со последната одлука, изменет е и членот 50 од Уставот на Саудиска Арабија, па наместо досегашната одредба кралот да се избира меѓу синовите на основачот и лидер, Абдулазис бин Абдурахман бин Сауд, се вели кралот да се избира меѓу неговите синови и внуци.
Бендер бин Фајсал бин Бендер бин Абдулазис е именуван за заменик-советник на разузнавачката служба, емирот Фајсал бин Сатам бин Абдулазис Ал Сууд е новиот саудиски амбасадор во Италија, додека емирот Халид бин Бендер бин Султан бин Абдулазис е амбасадор во Германија.