Dejan Maksimoviç
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
МАДРИД (АА) - Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, ги објави имињата на 18-те играчи на кои ќе смета во вечерашниот натпревар во Ла Лигата во Севилја. Меѓу одбраните ги нема клучните играчи на Реал за кои Зидан очигледно одлучил да се одморат за 26 мај кога ќе се одигра финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Францускиот тренер во тимот за Севилја не го вклучи Португалецот Кристијано Роналдо, што е очекувано поради повредата на зглобот што ја доби во неодамнешниот натпревар со Барселона. Освен Роналдо, меѓу 18-те избрани фудбалери ги нема ниту Кејлор Навас, Марсело, Рафаел Варан, Лука Модриќ и Тони Крос. Стратегот на мадриѓаните не сакаше да ризикува ниту со дуото што закрепнува од повреди, Дани Карвахал и Иско, додека Герет Бејл го нема поради суспензија.
Реал пред финалето на Лигата на шампиони, го очекуваат уште три натпревари во домашниот шампионат. Освен вечерашниот дуел со Севилја, ќе игра против Селта и Виљареал.
„Кралскиот клуб“ моментално е трет во Ла Лигата со 72 поени, а тоа се 15 помалку од лидерот Барселона и 3 помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид.
Финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал и Ливерпул ќе се одигра на 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев.