ИСТАНБУЛ
Денес се игра финалето во УЕФА Лига Европа, по кое ќе го дознаеме новиот шампион во ова европско фудбалско клупско натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овогодинешното финале се среќаваат два клуба од Англија. Финалниот натпревар ќе започне во 21:00 часот, а ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Баку, главниот град на Азербејџан.
Главен судија на натпреварот ќе биде Италијанецот Џанлука Роки.
Во овогодинешното финале за првпат на еден натпревар од УЕФА Лига Европа ќе се користи системот судиски видеоасистент (ВАР).

- Трета средба во еврокуповите
Екипите на Челзи и Арсенал по третпат ќе се сретнат во рамките на еврокуповите.
Двата англиски тима претходно во сезоната 2003/2004 се сретнаа во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони.
Првата средба заврши нерешено 1 : 1, а на реванш-средбата што се одигра на теренот на Арсенал, Челзи успеа да победи со 1 : 2 и избори пласман во полуфиналето.
- Финале на УЕФА Лига Европа од 1,5 милијарди евра
Во денешното финале на УЕФА Лига Европа ќе се сретнат два англиски клуба, Челзи и Арсенал, чија вкупна вредност на играчите изнесува 1 милијарда, 510 милиони и 500.000 евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Според обновените податоци објавени на германскиот сајт за трансфер на фудбалери „Transfermarkt“, проценетата пазарна вредност на Челзи изнесува 885 милиони евра, додека пазарната вредност на Арсенал се проценува на 625 милиони и 500.000 евра.
Најскап играч во редовите на Челзи е белгискиот интернационалец Еден Азар со вредност од 150 милиони евра. Најскапиот играч во редовите на Арсенал е Пјер-Емерик Обамејанг од Габон, кој се проценува на сума од 75 милиони евра.
- Историјат на УЕФА Лига Европа
Второто по важност европско клупско европско натпреварување во фудбал, УЕФА Лига Европа, започна да се одржува во 1955 година под името Куп на саемски градови.
Во сезоната 1971/1972 година ова фудбалско клупско напреварување беше преименувано во Куп на УЕФА, а од почетокот на сезоната 2009/2010 се организира како УЕФА Лига Европа.
Утре со почеток во 21:00 часот, на Олимпискиот стадион во Баку ќе се одигра финалето на УЕФА Лига Европа меѓу англиските клубови Арсенал и Челзи.
Ова е второ финале на Арсенал по она во 2000 година, во борба за освојување на првата титула, додека Челзи, по освоената титула во 2013 година, ќе се бори за својата втора шампионска титула.
- Најуспешен клуб е Севиља
Со победата во финалето на сезоната 2015/2016, Севиља по третпат едноподруго стигна до шампионската титула во УЕФА Лига Европа, станувајќи прв тим на кој тоа му успеало.
Во досегашните натпреварувања, Севиља на петпати го освои овој куп и се наоѓа пред Ливерпул, Атлетико Мадрид, Јувентус и Интер, на кои тоа им успеало по трипати.
Табела на тимови кои успеале да го освојат овој куп од сезоната 1971/72 до денес:
Петпати: Севиља (Шпанија)
Трипати: Јувентус (Италија), Интер (Италија), Ливерпул (Англија), Атлетико Мадрид (Шпанија)
Двапати: Борусија Минхенгладбах (Германија), Тотенхем (Англија), Реал Мадрид (Шпанија), Гетеборг (Шведска), Парма (Италија), Фејенорд (Холандија), Порто (Португалија)
Еднаш: Андерлехт (Белгија), Ајакс (Холандија), Баерн Леверкузен (Германија), Баерн Минхен (Германија), ЦСКА Москва (Русија), Ајнтрахт Франкфурт (Германија), Галатасарај (Турција), Ипсвич Таун (Англија), Наполи (Италија), ПСВ Ајнтховен (Холандија), Шалке 04 (Германија), Валенсија (Шпанија), Зенит (Русија), Шахтјор Донецк (Украина), Челзи (Англија), Манчестер Јунајтед (Англија)
- И Галатасарај влезе во европската фудбалска историја
Екипата на Галатасарај е единствениот тим од Турција кој го освои УЕФА Купот. Тој успех Галатасарај го постигна во сезоната 1999/2000.
Галатасарај до финалето на Купот стигна без претрпен пораз. Во финалето кое се одигра во Копенхаген, главниот град на Финска, турскиот претставник играше со англискиот претставник Арсенал. Галатасарај го освои упот со победа од 4:1 по изведувањето на ударите од белата точка.
- Куп на саемските градови
Во периодот од 1955 до сезоната 1971/72 година, УЕФА Лига Европа се нарекуваше Куп на саемските градови. Ви ја претставуваме листата на клубови кои во тој период станале шампиони на ова натпреварување.
1955/58 Барселона
1958/60 Барселона
1960/61 Рома
1961/62 Валенсија
1962/63 Валенсија
1963/64 Реал Сарагоса
1964/65 Ференцварош
1965/66 Барселона
1966/67 Динамо Загреб
1967/68 Лидс Јунајтед
1968/69 Њукасл Јунајтед
1969/70 Арсенал
1970/71 Лидс Јунајтед