Doga Kirmizioglu
28 Мај 2019•Ажурирај: 30 Мај 2019
АНКАРА (АА) – Шпанскиот фудбалер Чави Ернандез назначен е за нов тренер на екипата на Ал Сад во Катар, каде што ја заврши фудбалската кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од клубот се истакнува дека 39-годишниот Чави, кој стави крај на својата фудбалска кариера, во наредните две години ќе биде тренер на неговата екипа.
Помошници на Чави Ернандез ќе бидат: Сергио Ориол, Иван Торес, Оскар Ернандез, Жозе Мануел, Дејвид Баратас, Антонио Лобо, Серхио Гарсија и Антонио Трамулас.
Чави Ернандез со Барселона освои 8 шампионски титули во шпанската лига и 4 титули во УЕФА Лига на шампиони. Од друга страна, во националниот тим на Шпанија освои две европски првенства и еднаш беше светски првак.
Искусниот фудбалер во катарската екипа Ал Сад, со која од 2015 година играше на 86 натпревари, постигна 22 гола.