Şenhan Bolelli
02 Јуни 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Во сообраќајна несреќа почина шпанскиот фудбалер Хосе Антонио Рејес, јавува Anadolu Agency (AA).
Утрово во јужниот дел на Шпанија, во градот Утрера, во близина на Севиља, се случи сообраќајна несреќа во која загина 35-годишниот фудбалер Хосе Антонио Рејес.
Во својата фудбалска кариера Рејес ги бранеше боите на шпанските клубови Севиља, Атлетико Мадрид и Кордоба, на англискиот Арсенал, на Бенфика од Португалија и на кинескиот Синкјанг, а сезонава играше во дресот на шпанскиот второлигаш Екстрамадура.
Голем број клубови, предводени од Севиља, објавија пораки со сочувство по повод смртта на Рејес.
На официјалниот профил на шпанскиот клуб Севилја е објавено: „Не можевме да дадеме полоша вест од оваа. Нашиот голем играч, кој е формиран од нашата фудбалска школа, Хосе Антонио Рејес, почина во сообраќајна несреќа. Нека почива во мир.“