Ekip
02 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Фудбалерите на Ливерпул вечерва во финалето од Лигата на шампионите кое се одигра на стадионот Ванда Метрополитано го совладаа Тотенхем со резултат 2:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот гол за Ливерпул го постигна Мохамед Салах на самиот почеток од натпреварот, односно во втората минута од првото полувреме, погодувајќи од белата точка, по досуден пенал.
Во продолжението од играта се играше многу тактички и внимателно, поради што немаше посериозни шанси за промена на резултатот од самиот почеток на играта.
Во второто полувреме дојде до промена на тактиката со што и двата тима почнаа да играат офанзивен фудбал. Тотенхем во неколку наврати создаваше шанси за погодок обидувајќи се да ја намали негативата од 1:0.
Додека Тотенхем играше поотворено, „редсите" преку брзите контра напади создаваа шанси за зголемување на предноста.
Резултатот остана непроменет речиси до самиот краја натпреварот. Имено, на само три минути пред крајот од второто полувреме, во 87 минута, мрежата на противникот успеа да ја затресе Дивок Ориги со што беше заокружен и конечниот резултат од 2:0 за Ливерпул.
Ова е шестата титула на Ливерпул во Лигата на шампионите. Тотенхем е поразен во своето прво финале од најелитното клупско натпреварување во Европа.