спорт

Ракомет: Вардар се пласираше во финалето на Лигата на шампионите

Со резултат 29:27 ракометарите на македонскиот клуб Вардар ја победи Барселона во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите

Admir Fazlagic  | 02.06.2019 - Обновена : 02.06.2019
Ракомет: Вардар се пласираше во финалето на Лигата на шампионите

СКОПЈЕ (АА) - Со резултат 29:27 ракометарите на македонскиот клуб Вардар во германски Келн ја победи Барселона во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со што по втор пат во својата историја ќе играат во финалето од најелитното европско ракометно натпреварување, пренесува Anadolu Agency (AA).

Вардар во финалето во недела, на 2 јуни ќе игра против Веспрем. Каталонците во првото полувреме водеа со 16:9, а избраниците на Роберто Парондо се потрудија да ја намалат разликата и да дојдат до водство,во што на крајот и се случи.

Голем придонес за обезбедување на место во финалето на Вардар има голманот на овој тим, Дејан Милосављев кој со своите 15 одбрани во првото полувреме, а потоа со одбраните и во второто полувреме успеа да му помогне на својот тим да ја намали разликата, да се врати во игра и да се надева на успех.

Во офанзивата, Даинис Кристопанс со своите десет погодоци, Игор Карачиќ со пет и останатите играчи со своите постигнати голови во второто полувреме беа повеќе продуктивни и го постигнаа посакуваниот успех, со што конечниот резултат на крајот од натпреварот беше 29:27, доволно за да Вардар се најде по втор пат во својата клупска историја во финалето од Лигата на шампионите.

Барселона, која е деветкртен европски шапмион, по втор пат веќе е поразена од Вардар, во последните три години на „фајнал фор“ турнирите во Лигата на шампионите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın