Admir Fazlagic
03 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Келн денеска започнуваат Фајнл фор натпреварите од Лигата на шампиони во ракомет, кои традиционално се одржуваат во Ланксес арената. Оваа сезона за титулата Шампион на Европа во ракомет ќе се натпреваруваат македонскиот ракометен клуб Вардар, унгарскиот Веспрем Тееком, шпанската Барселона и францускиот Пари Сен Жермен, јавува Anadolu Agency (AA).
Вардар е првиот македонски клуб што успеал да се пласира на Ф4 турнирот. Скопскиот ракометен клуб во својата 11 сезона во елитното натпреварување има 12 победи на 16 натпревари и очекува продолжување на добрите игри и резултати.
Минатогодишниот шампион на Европа, полската екипа на Виве Киелце испадна уште во осминафиналето од францускиот Монпелје, кој подоцна во борбата за Фајнл фор загуби од Веспрем, не успевајќи да приреди уште едно изненадување. Овој викенд со натпреварите на Фајнл фор турнирот, Европа ќе го добие својот нов клубски ракометен шампион.
Земјите од регионот можат да се пофалат со тоа што имаат голем број свои играчи во екипите учеснички на овогодишниот завршен турнир Фајнл фор во ракомет, и покрај тоа што оваа година на овој завршен турнир учесник од регионот е само македонскиот клуб Вардар.
Натпреварите од Фајнл фор турнирот во ракомет ќе се играат во Ланксес арената во Келн, која е со капацитет од 19.500 гледачи. Денеска, во првото полуфинале во 15.15 часот ќе играат екипите на Веспром и ПСЖ, додека во второто полуфинале со пчеток во 18 часот ќе се сретнат нашиот претставник Вардар и Барселона Ласа. Финалето е закажано за недела во 18 часот, додека натпреварот за трето место ќе се одигра во 15.15 часот.