Yunus Kaymaz
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во финалето на Лигата на шампионите, најголемото фудбалско клупско првенство на Европа, ќе се сретнат екипите на италијанскиот претставник Јувентус и шпанскиот претставник Реал Мадрид. Победникот од овој дуел ќе биде новиот шампион во европското клупско фудбалско натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на Националниот стадион во Кардиф, главниот град на Велс, со почеток во 20.45 часот.
Екипата на Реал Мадрид, која е најуспешен тим во историјата на Лигата на шампионите, ќе го игра своето 15. финале и ќе се обиде да ја освои 12. шампионска титула. Екипата на Јувентус ќе го игра своето 9. финале и ќе се бори за 3. титула.
Правда на овој финален натпревар ќе дели германскиот судија Феликс Брих, а негови помошници ќе бидат Марк Борш и Стефан Луп. Четврти судија на натпреварот ќе биде српскиот судија Милорад Мазиќ.