Dejan Maksimoviç
03 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
КАРДИФ (AA) – Стадионот Милениум во Кардиф вечерва ќе биде упориште на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во кој за пехар ќе се борат фудбалерите на Јувентус и на Реал Мадрид. Иако средбата почнува дури во 20:45 часот, улиците на велшката престолнина веќе во текот на денот го „окупираа" навивачите на торинскиот и мадридскиот клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот сојуз на Велс, кој е технички организатор на натпреварот, претходно на предлог на претставниците на власта реши дека кровот на стадионот Милениум во текот на финалето да биде затворен за да се спречи можност за изведување на терористички напад со дрон.
Безбедносните мерки пред дуелот на Јувентус и Реал се подигнати на највисоко ниво, бидејќи домаќините очекуваат дека Кардиф поради финалето на Лигата на шампионите ќе дојдат околу 170.000 луѓе.
Реал вечерва има прилика да стане прв клуб кој ќе ја одбрани титулата шампион на Европа од како најсилното клупско натпреварување се игра во денешен формат. Кралскиот клуб до сега има 11 титули и по тоа е рекордер, додека италијанскиот Јувентус има две.