Stipe Mayiç
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ЗАГРЕБ (АА) - Два часа пред почетокот на дербито меѓу Динамо и Хајдук на стадионот Максимир, полиција уапси 20 навивачи од Сплит за поседување оружје и пиротехника, јавува Anadolu Agency (АА).
Групата од околу 50 навивачи на Хајдук, беше претресена од страна на полицијата на главната железничка станица откако некои од нив користеле огномет, петарди и ракети.
Полицијата ги легна на под навивачите и ги претресе, а при претресот е пронајдена поголема количина на ладно оружје, телескопски палки, шипки и поголема количина на пиротехнички средства. Специјалната полиција уапси 20 Торцидаши поради употреба на пиротехника и поседување на ладно оружје.