Bedrudin Brlyavac
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Шекил О' Нил откри како ги потроши првите милион долари кои ги заработил од кошарката, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат американските медиуми, имал само 20 години кога влегол во светот на милионерите, но легендарниот О' Нил никогаш не се двоумел како ќе ги потроши првите милион долари.
„Првото нешто што го сакав беше моите родители повеќе да не работат. Првите милион долари ги потрошив за отприлика 45 минути. И вредеше“, изјави Шекил за Си-ен-ен.
Како што рече, ги обезбедил своите родители, ги испратил во предвремена пензија, а им овозможил и некои работи кои отсекогаш ги сакале.
„Мама е среќна. Ѝ ја отплатив куќата, доби и автомобил Мерцедес кој отсекогаш го посакуваше. Исто доби и тато“, рече Шекил.