Ivana Ramadanova
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
СКОПЈЕ АА - Црвениот крст на Република Мкедонија во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на волонтеризмот а кој се одбележува и на глобално ниво, бидејќи околу 90 милиони волонтери на Црвениот крст и Црвената полумесечина имаат исто толку приказни за раскажување а дел од нив се раскажани и во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Волонтеризмот е начин на живеење кое шири една многу хумана мисија правејќи промени во општеството", се констатираше на настанот кој соодветствува со 70-годишнината од основањето на Црвениот крст на Мкедонија кој на пет волонтери им додели благодарници за нивниот придонес во општеството.
Секретарката на Црвениот крст во Скопје, Сузана Тунева Пауновска, во своето обраќање пред волонтерите говореше за ангажманот на волонтерите. За нив таа рече дека тие прават големи промени во согласност со локалните потреби, додавајќи дека кога се зборува за Црвениот крст мислиме на неговите главни столбови, за луѓето кои даваат личен придонес за исполнување на мисијата на оваа организација.
"Тие се различни според пол, националност и вера но нив ги спојува едно нешто, а тоа е што тие се даваат себе си за да остават белег каде што живеат. Во Македонија има 3.500 волонтери и 8.000 членови кои претставуваат позитивен пример во нашето општество", изјави Пауновска.
Јане Денкоски доби благодарница за својот посебен придонес за ширење на волонтерството, активен од 1980 година, Димитар Соколовски, активен од 1997 година со многубројни учества во различни активности, посебно во времето на кризата на Косово, Ивица Бошков доби благодарница за над 30 крводарителски акции, Кренар Хоџа, активен волонтер од 2010 година за проектот за згрижување на стари лица како и во борбата против педофилијата, и петтиот волонтер кој доби благодарница беше Ѓорги Јованов за неговиот придонес за обука и заштита на млади лица.