Besar Ademi
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа семинар на темата „Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“, кој има за цел да донесе заклучоци што ќе помогнат во решавањето на дополнителните можности за активизам и вклученост на лицата кои се во економски и социјален ризик во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во проектот се вклучени 40 социјално ранливи лица и невработени лица во подолг период. Проектот е финансиран од Европската Унија и се спроведува од страна на Црвениот крст на Македонија и Занаетчиската комора на Град Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика.
Целта на проектот е да придонесе за зголемување на учеството на лицата кои на пазарот на трудот се изолирани, а со тоа и да се намали невработеноста во Македонија.
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, вели дека овој проект го потврдува развојот на социјалните програми за поддршка на ранливите целни групи, со цел да се подобри нивната конкурентност на пазарот на трудот. „Станува збор за 40 луѓе кои присуствуваат на различни курсеви за ракотворби, што ќе им помогне во иднина да бидат вклучени на македонскиот пазар на трудот“, рече Саити.
Во меѓувреме, министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, рече дека станува збор за проект којшто има за цел да ја намали невработеноста и да се зголеми конкурентноста кај социјално ранливите лицата.
„Социјалното вклучување и економското јакнење на лицата во социјален ризик е интегриранo воглавно во рамките на различни оперативни програми, и мерки кои се применуваат со години наназад, и кои даваат конкретни резултати“, истакна Ибрахими.
Занаетчиската обука за 40-те лица започна во ноември 2016 година и предвидено е да заврши до јуни оваа година. Во текот на проектот, тимот што работи на реализацијата овозможи соодветни психо-социјални услуги за корисниците и нивните семејства, во согласност со нивните потреби.