Betül Yürük
30 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
ЊУЈОРК (АА) - По воведената забрана на претседателот на САД, Доналд Трамп, со која во период од 90 дена се забранува влез за бегалците од Сирија и од други 7 муслимански земји во САД, компанијата-гигант за кафе „Старбакс“ објави дека во период од 5 години ќе вработи 10.000 бегалци во 75 земји во кои има свои кафулиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот извршен директор на „Старбакс“, Хауард Шулц, на вработените им испрати писмо со содржина: „Живееме во време во кое е потребно да се преиспитаат вредностите што ги ветува американскиот сон“.
Шулц изјави дека „Старбакс“ ќе вложи напори за двојно да се зголеми вработувањето на бегалците од војна, прогон и од дискриминација, додавајќи: „Во наредните пет години, на ниво на целиот свет ќе вработиме 10.000 бегалци“.
Шулц нагласи дека ќе продолжат да инвестираат во Мексико.