Barış Seçkin
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
РИМ (АА) - Новиот претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани, по повод терористичкиот напад на џамијата во Канада изјави дека насилството не е одговор на тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Неодамна избраниот Тајани се состана во Рим со премиерот на Италија, Паоло Џентилони.
Џентилони и Тајани пред состанокот го осудија нападот извршен во џамијата во Канада.
Премиерот на Италија, Џентилони на канадскиот колега Џастин Трудо му изрази сочувство поради погибијата на шесте лица.
„Италијанската Влада е со семејствата на жртвите, исламската заедница и со властите на Канада“, порача Џентилони и додаде дека се солидализира и со муслиманите во Италија.
Тајани во име на Европскиот парламент упати пораки на сочувство до жителите и до властите на Канада.
„Насилството не може да биде одговор на тероризмот. Дијалогот е решение. Европската Унија верува во меѓурелигискиот дијалог. За тоа работевме и ќе ја продолжиме работата во таа насока“, порача Тајани.
Тој додаде дека се солидаризира со семејствата на загинатите во нападот.
„На насилството треба остро да се одговори. Се надеваме дека нешто слично нема да се повтори. Без оглед на која вера припаѓа, ниедна вера не би требало да биде предмет на насилство и убивање. Остро го осудуваме“, порача Тајани.
Шест лица загинаа, а осуммина се ранети во оружениот напад за време на молитва во џамијата во канадскиот град Квебек. Две лица се уапсени. Во џамијата во моментот на нападот се наоѓале 50 верници. Од нив, 30 се неповредени, додека смртно настраданите се на возраст од 35 до 70 години.